Профил на нашата компанија
“Италекс Инженеринг” е лидер во областа на керамички плочки, санитарија и опрема за бањи во Македонија, основан во 1991 година во Скопје, од страна на Г-дин Љубомир Чадиев.
Г-дин Чадиев основа компанија која што стана поим за врвен квалитет, креативност и услуга во рамки на италијанската керамика, санитарија и опрема за бањи на македонскиот пазар.
Од 2001 година “Италекс Инженеринг” се сели во свои ексклузивни простории, на 1,500 квадратни метри во кои на едно место се сместени деловни канцеларии, продажен салон и магацин.
Нашата мисија е секогаш да нудиме првокласни италијански производи со најразновиден и најсовремен дизајн и квалитет од керамика, санитарија и опрема за бањи кој ќе ги задоволи вкусовите на сите сегашни и идни клиенти.
Нашата визија е да бидеме компанија која што ќе биде лидер на пазарот за нудење услуги за најсовремени и најзахтевни решенија во областа на керамички плочки, санитарија и опрема за бањи.
Фирмата е постојано во чекор со иновациите, нудејќи им на клиентите новитети и производи од врвен квалитет и дизајн и е ориентирана исклучиво на италијански производи, чии производители се едни од водечките од областа на керамиката, санитаријата и опрема за бањи во светот, кои исто така имаат и врвна соработка со многу познати архитекти и проекти во резиденцијалниот и комерцијалниот сегмент.
Соработката со повеќе производители се покажа како многу позитивна за нашите клиенти, нудејќи им поголема палета на производи од најмали димензии како мозаик од 1,2 x 1,2 cm до најголеми димензии на вештачки гранит од 120 x 60 cm, а со тоа и поголеми шанси за задоволување на различните потреби и вкусови на клиентите.
“Италекс Инженеринг” е фирма која е ориентирана кон купувачот и нуди услуга на врвно менаџирање на секој клиент и проект врз база на:
- добро обучен кадар кој постојано се надоградува со посета на фабриките и саемите во Италија,
- стручен тим на архитекти
- изработка на идејни решенија за секој проект во 2D и 3D
- одлична логистика









